Контакт

Европа

Џонсон: Брегзит во октомври, со или без договор

Објавено пред

Поранешниот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерката, Тереза Меј, вети дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ на 31 октомври, со или без договор со Унијата.

„Моето ветување е дека ќе излеземе од ЕУ на ноќта на вештерките на 31 окромври“, изјави Џонсон за Би-би-си.

Џонсон и британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, ќе се борат за функцијата британски премиер и лидер на британската Конзервативна партија.

Европа

Западна Грција ја погодија поплави, само неколку дена по загинувањето 7 лица во невреме

Објавено пред

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во силната бура што го зафати северот од земјата.

Таквите сериозни бури се необични во Грција, каде што летата обично се топли и суви.

Поплавите што ги зафатија патиштата оштетени од бурата во близина на градовите Нафпактос и Патра неколку часа затворија голема траса иако засега не се пријавени повредени или исчезнати лица.

„Многу домови и продавници се преплавени во близина на градот Нафпактос… има штета врз некои домови, продавници и автомобили“, изјави претставник на противпожарната служба за „Ројтерс“.

Седум лица, меѓу кои и шестмина туристи, загинаа, а повеќе од 100 други беа повредени во четвртокот кога бура во текот на ноќта ја погоди северна Грција.

Прикажи повеќе...

Европа

Оставка на францускиот министер обвинет за трошење јавни пари

Објавено пред

Францускиот министер за екологија, Франсоа де Ружи, за чиј приватен живот на сметка на даночните обврзници на таа земја се полемизира во јавноста со денови, денес поднесе оставка.

Според француските медиуми, Де Ружи требаше да одговори на прашањата на владата денес по многуте критики предизвикани од пишувањето на независниот портал „Медијапар“ за неговиот приватен живот.

За време на викендот Де Ружи ги отфрлаше обвинувањата на „Медијапар“ нарекувајќи ги гротескни.

На 10 јули овој портал објави дека Де Ружи користи пари од даночните обврзници за раскошни вечери и реновирање на резиденцијата.

Според порталот, тој и неговата сопруга ги канеле пријателите на раскошни вечери во хотелот, кој е официјална резиденција на Франција.

Порталот исто така пишува дека Де Ружи и неговата сопруга се преселиле во министерски стан за чие преуредување потрошиле 63.000 евра.

Прикажи повеќе...

Европа

На листата на УНЕСКО и чешко ергeле старо 440 години

Објавено пред

Чешко ергeле коњи во Кладруба на Лаба, основано пред 440 години, влезе во Светското културно наследство на УНЕСКО, со што се призна значењето на оваа повеќевековна традиција.

Ергелето официјално почнало да работи во 1579 година кога Рудолф II од хабсбуршката династија ѝ доделил царски статус на фармата основана од татко му, царот Максимилијан II.

Таа е основана за одгледување и тренинг на кладрубери, редок вид коњи, еден од најстарите во светот, објави АП.

Ергелето во 2015 година беше реновирано од фондовите на Европската Унија.

Ова е првото ергеле што се најде на листата на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија39 минути

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија2 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија4 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет5 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион6 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет6 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија7 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа8 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија15 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија17 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија18 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион20 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија22 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Досие