Контакт

Европа

Џонсон: Британија нема да жали за убиството на Сулејмани

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека Велика Британија нема да жали за смртта на командантот на иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани, кој почина во петокот во Ирак во американски напад со беспилотно летало, но повика на воздржаност како одговор на неговата смрт.

„Сулејмани беше одговорен за моделот на нарушувачко, дестабилизирачко однесување во регионот“, се вели во изјавата на Џонсон, кој додава дека командантот е виновен за смртта на илјадници невини цивили.

Според Џонсон, повиците за одмазда ќе доведат до поголемо насилство.

Британскиот премиер изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој посочи и дека се преземени чекори за зголемување на безбедноста на лицата од Британија и нивните интереси во регионот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ердоган: Време е да разговараме за две држави на Кипар

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е време да се разговара за реалниот предлог за решение со две држави на поделениот остров Кипар.

Тој додаде дека параметрите на тековните разговори не се одржливи.

Говорејќи на прес-конференција со претседателот на кипарските Турци, Ерсин Татар во Анкара, Ердоган рече дека пристапот на кипарските Грци ги блокирал претходните обиди да се најде решение, објави „Ројтерс“.

„Мора да се сфати дека според сегашните параметри не може да се постигне никаков резултат бидејќи имаме процес на преговори што трае повеќе од половина век“, рече Ердоган.

„Во оваа фаза, ние веруваме дека започнувањето на разговори засновани на идејата за федерација ќе биде губење време. Затоа, веруваме дека решението со двете земји сега мора да биде претставено како реален предлог”, додаде турскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија го прекори Ердоган за навредите упатени кон Макрон

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, ги осуди изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упатени за неговиот француски колега Емануел Макрон.

„Личните напади на Ердоган врз Макрон се неприфатливи“, рече Мас, а пренесе „Раша тудеј“.

Министерот потврди дека Берлин е солидарен со Франција по прашањето за борбата против тероризмот и исламскиот екстремизам.

Во исто време, Мас предупреди да не се поврзуваат милиони муслимани кои го почитуваат законот и живеат во Европа со насилни екстремисти и убијци.

„Тоа би било во полза на оние кои сакаат да го поделат нашето општество. Ние нема да го прифатиме тоа”, рече Мас.

Макрон на почетокот од месецов најави сеопфатни планови за сузбивање на исламските радикали во Франција, велејќи дека исламот на глобално ниво е во криза поради подемот на фундаменталистите.

Прикажи повеќе...

Европа

Германските власти воведоа строг карантин во Баварија, училиштата и градинките затворени

Објавено пред

Жителите на Баварија, поради големиот број заразени лица во таа област, од утре може да ги напуштат своите домови само од оправдани причини, а училиштата и градинките ќе бидат затворени две недели, соопштија официјалните лица.

Строг карантин за жителите на областа Ротал-Ин, каде што живеат 120.000 луѓе, е вториот од ваков вид во Баварија по Берхтесгаденер, во кој е прогласен полициски час од 20 октомври.

Официјални лица од Ротал-Ин рекоа дека решиле да ја воведат одлуката за полицискиот час поради ненадејниот скок на бројот на заразени лица, што е поголем од 200 на 100.000 жители.

Денес, во Германија се регистрирани речиси 2.000 нови случаи и шестмина починати. Вкупно се заразени 439.577 лица, а починаа 10.144.

Сепак, епидемиолошката состојба во Германија е помалку сериозна отколку во некои други големи европски земји, како што се, на пример, Велика Британија, Франција и Шпанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија5 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија6 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа6 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет6 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија7 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет7 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ8 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија8 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион9 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија10 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа11 час

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ11 час

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет11 час

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија11 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија22 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет23 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија1 ден

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија1 ден

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион1 ден

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Досие