Контакт

Европа

Џонсон повеќе би сакал брегзит отколку да остане премиер

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија најдоцна до 31 јануари доколку неговата Конзервативна партија добие мнозинство гласови на изборите за две недели.

„Ако успееме да добиеме мнозинство, тогаш ќе бидеме надвор најдоцна до 31 јануари“, изјави Џонсон за радиото ЛБЦ.

Тој повтори дека не гледа причина зошто Британија треба да го продолжи преодниот период по брегзитот по 2020 година, пренесува „Ројтерс“.

На прашањето дали повеќе би сакал да биде премиер или Британија да ја напушти ЕУ, тој одговори: „Претпочитам да нè исфрлат од ЕУ, можам да ви го кажам тоа“.

Европа

Беснеат шумски пожари на југот од Турција: Загина едно лице, 10 се заробени

Објавено пред

Едно лице загина, а 10 се заробени во шумските пожари што втор ден по ред беснеат во јужна Турција, соопшти министерот за земјоделство, Бекир Пакдемирли, додека операцијата за спасување и гаснење на пожарот продолжува.

Со високи температури и силен ветер, пожарот се прошири околу градот Манавгат, 75 километри источно од туристичката дестинација Анталија и соседните села.

Пакдемирли рече дека 82-годишен маж бил пронајден мртов за време на евакуацијата на областа Кепезбелени, 16 километри североисточно од Манавгат, односо дека 10 лица останале заробени од пожарот во блиската брана Ојмапинар.

Кај нив биле испратени спасувачки екипи.

Властите евакуираа 18 села и области во Анталија, а 16 села беа евакуирани во соседните провинции Адана и Мерсин, додаде тој.

Телевизиските снимки покажуваат изгорени куќи и луѓе кои бегаат низ полињата, додека пожарникарите користат хеликоптери за гаснење на пожарот.

Прикажи повеќе...

Европа

Голема полициска акција во Виена, разбиена наркомрежа, уапсени 24 Албанци

Објавено пред

Австриските власти разбија мрежа на трговци со дрога во која учествувале лица од Албанија и Косово. Запленети биле наркотици, пари и автомобили, јавуваат регионалните медиуми.

Истрагата утврди дека уапсените Албанци биле на возраст меѓу 18 и 48 години и дека биле вклучени во трговија со дрога.

Наркотиците според истрагата се продавале во кафулиња, понекогаш на улица или во автомобили, додека зделки биле склучувани во возила.

При претресот на становите, откриени биле стебла со канабис тешки околу 80 килограми, 3.1 килограм кокаин и 204.000 евра. Полицијата заплени и три возила, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

Забава на хрватскиот остров Паг предизвика „увоз“ на корона во Австрија

Објавено пред

Откако минатата недела околу 19.000 луѓе од Австрија присуствувале на музички фестивал во Хрватска, многумина се вратиле во Австрија заразени со коронавирус.

Во седум од деветте австриски покраини се регистрирани заболени кои се вратиле од хрватскиот остров Паг, а досега ги има повеќе од 100.

Експертите веруваат дека бројот на заразени лица кои се вратиле од тој фестивал во Австрија е далеку поголем, па затоа посетителите на фестивалот се јавно повикани на тестирање.

Станува збор за фестивалот Austria goes Zrce, што се одржа на островот Паг, каде забавата продолжи и откако 21-годишен Австриец се удави во морето.

Агенцијата за здравје и безбедност на храна (AGES) апелираше до сите луѓе што биле на фестивалот да бидат тестирани, а имајќи го предвид големиот број учесници, се претпоставува дека кластерот Паг е огромен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет12 часа

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија14 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија15 часа

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија16 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија16 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија17 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија18 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија18 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија18 часа

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија19 часа

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет20 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет20 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија22 часа

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија2 дена

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ2 дена

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет2 дена

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен2 дена

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија2 дена

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија2 дена

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Досие