Свет
Џо Бајден ја повредил ногата додека си играл со кучето

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го повредил глуждот додека си играл со едно од неговите кучиња и лекарот ќе го прегледа со сите мерки на претпазливост.
Бајден се здоби со повреда во саботата и во неделата попладне посети ортопед во Њуарк во државата Делавер, соопшти неговиот кабинет, пренесува АП. Новинарите кои ги следат активностите на новоизбраниот претседател не добија можност да го видат Бајден како влегува во канцеларијата на лекарот, и покрај повеќекратните барања.
Бајден играше со Мејџор, едно од двете семејни кучиња. Тие го посвоија во 2018 година, а првото куче Шампион го имаат од изборите во 2008 година. Бајден изјави дека ќе ги донесат своите кучиња во Белата куќа, а планираат да земат и мачка.
На 78 години, Бајден ќе стане најстариот претседател кога ќе биде инаугуриран во јануари, но тој често ги отфрлаше прашањата за неговата возраст за време на кампањата. Во декември, тој објави медицински извештај во кој се открива дека зема статин за да го одржи нивото на холестерол, но лекарот го опиша како „здрав, енергичен“ и „способен за успешно извршување на должностите на претседател“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Навални префрлен во затворска колонија на 100 километри источно од Москва

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални пристигна во казнена колонија на околу 100 километри источно од Москва, каде ќе ја издржува затворската казна во траење од две и пол години, јави Ројтерс, цитиран од РИА Новости.
Претходно денес, сојузникот на Навални, Леонид Волков, на социјалните мрежи изјави дека семејството и адвокатите на Навални не биле официјално известени за неговата локација.
Европа
Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).
Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.
Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.
Регион
Земјотрес регистриран во близина на Закинтос

Денеска околу 14 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала во близина на грчкиот остров Закинтос.
Според Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимес и на длабочина од 10 километри.
Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран