Свет
Џјинпинг во посета на Југоисточна Азија: Кина е извор на стабилност и безбедност

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг почна турнеја во Југоисточна Азија со цел да промовира слободна трговија и да ја претстави Кина како извор на стабилност и безбедност, пренесува АП.
За време на оваа посета тој ќе разговара за подобрување на трговската соработка меѓу Кина и земјите од Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), според написите.
Официјални лица во Пекинг наведуваат дека Кина сака да ги зајакне економските врски во регионот и да обезбеди стабилност во време на глобални економски тензии предизвикани од новите трговски мерки на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
За прв пат по повеќе од 300 години, папа нема да биде погребан во базиликата Свети Петар

Базиликата Св. Марија Велика, каде што одлучи да биде погребан папата Фрањо, е импозантна црква од 5 век во срцето на Рим, која веќе содржи гробници на седум папи. Аргентинскиот папа, кој почина денеска на 88-годишна возраст, кон крајот на 2023 година изјави дека сака да биде погребан во оваа базилика, а не во криптата на базиликата Свети Петар, што ќе биде прв пат по повеќе од три века таму да биде погребан папа.
„Веднаш зад скулптурата на кралицата на мирот (Богородица) има мала вдлабнатина, врата што води до просторијата каде што се чувале свеќниците. Ја видов и помислив: ‘тоа е местото’.
„И таму e подготвено место за погреб“, му рече тој на шпанскиот ватикански експерт Хавиер Мартинез-Брокал во неговата книга „Наследникот“ од 2024 година.
Во оваа базилика се погребани седум папи. Последен беше Клемент IX, во 1669 година. Тоа е последното почивалиште на некои други познати личности, како што е архитектот и скулптор Бернини, градителот на колонадата на плоштадот Свети Петар.
Европа
Путин се прости од папата

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги помни папата Франциско како „бранител на највисоките вредности на хуманизмот и правдата“, соопшти Кремљ во официјалното соопштение по повод смртта на папата.
Во соопштението се наведува и дека Путин „имал привилегија да комуницира со овој исклучителен човек во неколку наврати“, потсетувајќи се на неговите лични средби со Папата за време на неговиот понтификат.
Кремљ додава дека рускиот претседател „засекогаш ќе го негува најубавиот спомен за него“.
Европа
Зеленски му оддаде почит на папата: „Тој знаеше да понуди надеж и се молеше за мир во Украина“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му оддаде почит на папата Франциско, велејќи:
Тој знаеше како да понуди надеж, да го ублажи страдањето преку молитва и да го негува единството“.
Тој додаде дека папата Франциско редовно се молел за мир во Украина и за украинскиот народ.
„Жалиме заедно со католиците и сите христијани кои наидоа на духовна поддршка кај папата Франциско. Вечна му слава!“