Свет
Абе ја повика Кина да го зачува отворен Хонгконг
Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, денес ја повика Кина да го зачува слободниот и отворен Хонгконг, а полицијата продолжува со судирите со демонстрантите за време на протестите на таа полуавтономна кинеска територија.
Абе на состанокот со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, ја истакна важноста од тоа да се дозволи Хонгконг да процвета според принципот една земја, два система, објави новинската агенција „Кјодо“.
Речиси 1.000 демонстранти беа уапсени во Хонгконг минатата недела кога се барикадираа во зградата на Политехничкиот факултет во Хонгконг, а потоа се судрија со полицијата.
Кинескиот министер за надворешни работи, кој присуствуваше на министерскиот собир на Групата 20 најголеми економии во Нагоја минатата недела, беше копретседател на првиот дијалог на високо ниво за човечка и културна размена помеѓу Кина и Јапонија во Токио со јапонскиот колега Тошимитсу Мотеги.
„Меѓусебното разбирање меѓу нашите народи е неопходна основа за долгорочна стабилност во односите на Јапонија и Кина“, рече Мотеги на почетокот на дијалогот.
Ванг Ји рече дека двата народа учат едни од други, си помагаат едни на други повеќе од 1000 години.
„Пишаните знаци што ги користиме, оризот што го јадеме, чајот што го пиеме, тоа се симболи на нашата културна размена“, рече кинескиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.