Свет
Абхазискиот парламент го овласти премиерот Бганба да дејствува како претседател
Премиерот на Абхазија, Валериј Бганба, и официјално стана вршител на должност претседател на земјата откако парламентот на Абхазија му одобри такво овластување по оставката на Раул Хаџимба, пренесува ТАСС.
Одлуката беше донесена едногласно од сите 34 пратеници присутни на седницата, а потоа беше објавена на официјалната страница на владата на Абхазија.
Според спикерот на парламентот, Валери Кварчија, Бганба веќе има такво политичко искуство, бидејќи своевремено дејствувал на истата функција в.д. претседател на Абхазија во 2014 година, кога тогашниот претседател Александар Акваб се повлече од функцијата.
„Во согласност со членот од Уставот на Република Абхазија, ги преземам на себе обврските на вршител на должноста претседател на Република Абхазија“, соопшти Бганба.
Тој истовремено ги повика Абхазијците да сторат сè што е потребно за воспоставување внатрешна стабилност со цел адекватно да се организираат и да се спроведат претседателски избори во земјата во рокот утврден со Уставот.
Претходно Парламентот на Абхазија ја прифати оставката на Хаџимба.
Касацискиот суд на 10 јануари ја смени одлуката на Централната изборна комисија за резултатите од претседателските избори и наложи повторно одржување на изборите. ЏИК на 12 јануари одлучи следните избори да се одржат на 22 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.