Свет
Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење
Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија дека маските за дишење обезбедени од државата не се доволна заштита на теренот, пренесуваат австралиските медиуми.
„Нашата бригада очајно се обидуваше да ги заштити домовите и имотите, целосно исцрпена и со ужасеност да го велам ова користејќи маски за прашина обезбедени од Руралната противпожарна служба (РФС) на Нов Јужен Велс за да си ги заштитиме нашите дишни патишта.
„Во одбрана на РФС, ова се невидени услови што никој не можеше да го очекува, но ние немаме друг избор, освен да излеземе и да се бориме со огнот со тоа што го имаме“, рече Џо Арена, благајник на Рурална противпожарна бригада „Копакабана“, за „Еј-би-си сентрал коуст“ во вторникот.
Волонтерската екипа е меѓу првите што реагираа на мегапожарот што се формира кога неколку пожари северно од Сиднеј се споија опустошувајќи повеќе од 320.000 хектари.
Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 700 дома се уништени од почетокот на пожарите во септември, а околу 2,7 милиона хектари се опожарени. Пожарот стана толку сериозен што загаденоста на воздухот во некои делови од Сиднеј достигна 12 пати повеќе од опасното ниво оваа недела.
Арена соопшти дека пожарникарите ја почнале акцијата за собирање средства со цел да купат по една маска за човек во нивната бригада. Неговиот апел за јавна поддршка се појави истиот ден кога австралискиот премиер Скот Морисон ја отфрли идејата за плаќање волонтерски пожарникари.
Морисон рече: „Да, тие се уморни, но сакаат и да ги штитат своите заедници“, додавајќи дека владата не го разгледува прашањето.
Во пораката објавена на „Фејсбук“ во средата Руралната противпожарна служба „Копакабана“ им се заблагодари на сите што одговорија на нивниот апел за маски за дишење. Групата рече дека веќе ја исполнила својата цел и ќе пренасочи дополнителни средства за купување маски за соседните противпожарни екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.