Свет
Австриски модел: секое семејство ќе добие 360 евра од дете поради Ковид-19
Австриската влада ги поддржува жените во нивните животни избори – жените како претприемачи, како вработени или како мајки. Само преку фондот за корона жените се поддржани со 178 милиони евра, 80 проценти од вкупниот додаток за деца од 648 милиони евра се одделува за жените, вели министерката за жени и интеграција, Сузана Рааб.
Таа истакнува дека целта на сите е да се избегнат повеќекратните стресови на кои жените биле изложени за време на пандемијата. Покрај работата од дома, грижата за децата била неизбежна затоа што градинките и училиштата беа затворени, а жените имале и секојдневни обврски во домаќинствата.
Во случајот на втор бран корона, кој се проценува дека е можен наесен, жените ќе бидат ослободени од едукација на децата од дома за да избегнат повеќе стресови. Затворањето на училиштата при избувнување на пандемијата наесен треба да биде колку што е можно селективно, регионално и што е можно пократко. Од големо значење е жените што сега ги загубија своите работни места повторно да влезат во еднакви позиции на пазарот на трудот, укажува таа.
Во Австрија во мај имаше речиси 550.000 невработени и 1,3 милион вработени на моделот на работа со скратено работно време.
„Државната помош изнесува 50 милијарди евра. Постојат неколку пакети што ги поддржуваат жените во разни области. Ние обезбедивме фонд за помош за жените претприемачи да ги одржуваат компаниите во криза. За жени што се грижат за децата постои фонд за грижа за семејство во износ од 60 милиони евра. Од тоа 35 милиони евра веќе се исплатени на семејства шпо претрпеле загуба на приход, без своја вина. Покрај тоа, веќе се исплатени 30 милиони евра за поддршка на семејства со ниски приходи“, вели Рааб за 24 часа.
Еднократниот бонус за поддршка за семејствата со деца ќе се исплати во септември и изнесува 360 евра од дете.
Министерката за труд и семејство, Кристина Ашбахер, вели дека жените што ги загубија своите работни места во криза треба да бидат вратени во најкраток можен рок. Ова значи во иста или подобра позиција од претходната со заработка што не отстапува од претходните стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.