Свет
Австрија продолжува да имунизара со вакцината на „Астра зенека“, САД очекуваат уште половина милион дози
Иако многу земји од ЕУ одлучија да престанат да имунизираат со вакцината на „Астра зенека“, Австрискиот национален совет за вакцинација препорачува понатамошна употреба на оваа вакцина.
Националниот совет за вакцинација, покрај привремената препорака за продолжување на употребата на вакцината на „Астра зенека“, посочува дека има недостиг на податоци за донесување конечна одлука. Австрија е критична кон одлуките на некои земји членки на ЕУ за прекинување на употребата на вакцината на „Астра зенека“.
Во врска со ова министерот за здравство, Рудолф Аншобер, побара што е можно побргу став на надлежните европски органи за заедничко европско дејствување.
„За време на вакцинацијата се договоривме за заедничка европска акција. Затоа, националната солидарност не е ефикасна, ниту придонесува за создавање доверба“, нагласи Аншобер.
Тој рече дека ваквите далекосежни одлуки мора да се донесат врз основа на јасни факти и во моментот нема докази за поврзаност помеѓу здравствените инциденти и вакцината на „Астра зенека“.
„Астра зенека“ денес објави дека се согласила да им испорача на САД до половина милион дополнителни дози од своето експериментално комбинирано лекување против Ковид-19 на база на антитела во вредност од 205 милиони долари, пренесува „Ројтерс“.
Британскиот производител на лекови и американски владини агенции првично се согласија да испорачаат 200.000 дози, а оваа нова количина го зголемува вкупниот обем на работа со САД на 700.000 дози во вредност од 726 милиони долари.
„Астра зенека“ соопшти дека нивниот третман против Ковид-19, AZD7442, сè уште не е одобрен за употреба во САД и дека новиот договор зависи од одобрувањето на американската Администрација за храна и лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.