Свет
Азербејџан собори ерменски дрон
Азербејџан собори ерменско беспилотно летало (АВ), објави Министерството за одбрана на земјата рано утрово, пренесува „Анадолија“. Беспилотното летало било соборено во неделата вечерта додека вршело разузнавачка активност над азербејџанската територија, се вели во соопштението на Министерството.
Во соопштението не се дадени информации за тоа каде е соборен дронот иако објавите на социјалните мрежи тврдат дека тоа се случило во провинцијата Шамкир, во западен Азербејџан. Ова не е прв дрон уништен од азербејџанските сили откако ескалираа тензиите меѓу двете земји во јули.
Ерменската армија го прекрши примирјето на 12 јули и ги нападна азербејџанските позиции со артилериски оган, повлекувајќи се по претрпените загуби по одмаздата од азербејџанската армија. Ерменија во нападот уби 12 азербејџански војници, вклучително и високи офицери и рани четири војници.
И покрај меѓународните повици за воздржаност, ерменските трупи отворија оган врз цивилните населби во селата Агдам и Дондар Куску. Во нападите загина 76-годишен азербејџански државјанин, а Баку ја обвини Ерменија дека ги крие загубите.
Азербејџан ја обвини Ерменија за провокации, а Турција застана зад Баку и го предупреди Ереван дека нема да се двоуми да се спротивстави на секаков вид напад врз нејзиниот источен сосед.
Од 1991 година, ерменската војска незаконски го окупираше Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две одлуки на Генералното собрание на ОН, како и одлуки на многу меѓународни организации се однесуваат на овој факт и бараат повлекување на професионалните ерменски сили од Горно Карабах и седум други окупирани региони на Азербејџан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.