Свет
Азилантите и мигрантите не го почитуваат режимот на ограничено движење
Барателите на азил и мигрантите во Германија и во Италија не ги почитуваат мерките за да помогнат да се спречи ширењето на коронавирусот Ковид-19, при што некои стануваат насилни кога властите се соочуваат со нив, пренесува „Билд“.
Градоначалниците на германските градови Шнеберг и Чорлау во регионот Саксонија ѝ се пожалија на регионалната власт дека барателите на азил во локалниот центар за азиланти не ги почитуваат мерките што се преземаат за да се запре ширењето на вирусот.
Според градоначалниците, азилантите веруваат дека мерките што ги објави германската канцеларка Ангела Меркел оваа недела не важат за нив.
Меркел најави девет мерки, вклучително и граѓаните да одржуваат безбедно растојание едни од други и намалување на контакт со оние надвор од нивното домаќинство на апсолутен минимум.
Групи луѓе што се собираат на јавни места, во станови и во приватни објекти, исто така, се забранети, а прекршителите ќе се соочат со полицијата. Мерките ќе важат до 5 април.
Во Италија мигрант од Северна Африка нападнал човек во супермаркет во градот Новара откако бил замолен да се држи на оддалеченост од најмалку еден метар. Шеесетгодишната жртва чекала на ред да ги плати своите артикли и пред себе држела растојание од еден метар од мигрантот. Тоа, како што пренесуваат медиумите, ги разбеснило мигрантот и неговата сопруга, кои почнале да врескаат кон човекот и намерно да дишат кон него.
Кога вработените во дуќанот се вклучиле во кавгата, мигрантот станал уште побесен, нарекувајќи ги Италијанците копилиња и расисти. Откако излегол од продавницата, мигрантот го удрил човекот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.