Европа
„Ако некој ти ги украде тркалата на „тесла“, Зеленски во онлајн-расправија со Маск
Американскиот милијардер Илон Маск предизвика онлајн-расправија со претседателот на Украина кога побара од корисниците на „Твитер“ да гласаат за неговите идеи за ставање крај на инвазијата во Украина, пренесуваат медиумите во светот.
Во твит Маск предложи избори во окупираните региони под надзор на Обединетите нации. Тој понатаму предложи Крим да остане официјално дел од Русија „како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов), да се обезбеди водоснабдување на полуостровот и Украина да остане неутрална.
Ukraine-Russia Peace:
– Redo elections of annexed regions under UN supervision. Russia leaves if that is will of the people.
– Crimea formally part of Russia, as it has been since 1783 (until Khrushchev’s mistake).
– Water supply to Crimea assured.
– Ukraine remains neutral.
— Elon Musk (@elonmusk) October 3, 2022
„Русија ќе замине ако тоа е волјата на народот“, додаде тој.
Шефот на „Tесла“ побара од корисниците да гласаат „за“ и „не“ за неговата идеја. Но, неговата иницијатива, според написите, ги налути Украинците, при што реагира и Володимир Зеленски, кој ја објави својата анкета.
„Кој Илон Маск го претпочитате?“, праша тој во објавата нудејќи два одговора: „оној што ја поддржува Украина“ или „оној што ја поддржува Русија“.
Which @elonmusk do you like more?
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2022
Украинскиот амбасадор во заминување во Германија, Андриј Мелник, го избра третиот одговор.
„Од***и е мојот многу дипломатски одговор на Илон Маск“, твитна Мелник.
И други европски лидери се спротивставија на предлогот на Маск, објави „Гардијан“.
„Драг Илон Маск, кога некој ќе се обиде да ги украде тркалата на вашата ‘тесла’, тоа не го прави законски сопственик на автомобилот или на тркалата. Само кажувам“, вели литванскиот претседател Гитанас Наузеда во објавата.
Михаило Подољак, советник на украинскиот премиер Володимир Зеленски, му одговори на Маск со, како што рече, подобар мировен план, според кој „Украина ги ослободува своите територии, вклучително и анектираниот Крим“. Според Подољак, во Русија треба да се изврши демилитаризација и задолжителна денуклеаризација за да не може повеќе да биде закана за другите, а воените злосторници да одат на меѓународниот суд.
Се огласи и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, кој вели дека доколку се прифати планот на Маск, „Алјаска исто така треба да им се врати на Русите“.
„Таа исто така беше руска, а Путин сака да собира руски земји. Значи, очигледно, САД треба да ја вратат Алјаска пред Русија да им објави војна. За некои е толку лесно да ги контролираат животите и земјата на Украинците“, напиша тој.
По тоа, Маск се обиде со поинаква анкета.
„Ајде да се обидеме на овој начин: волјата на луѓето што живеат во Донбас и Крим треба да одлучи дали тие се дел од Русија или Украина“, рече тој.
Маск истакна дека не му е грижа што неговиот предлог се покажал како непопуларен укажувајќи дека е загрижен што „милиони луѓе може непотребно да умрат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.