Свет
Ако стане претседател, Бајден ќе воведе санкции за Кина
Доколку стане претседател на САД, Џо Бајден ќе воведе санкции кон Кина поради планот за примена на новите правила за национална безбедност во Хонгконг, е соопштено од кампањата на Бајден.
Во кампањата на Бајден, кој, најверојатно, ќе биде кандидат за претседател на демократите, го обвинуваат претседателот на САД и кандидат на републиканците, Доналд Трамп, дека му дозволиле на Пекинг да ја ограничи слободата во поранешната британска колонија.
Вишиот советник за надворешна политика на Бајден, Тони Блинкен, изјави дека Соединетите Американски Држави мора да заземат став против кинеските активности во Хонгконг, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека Бајден, инаку поранешен потпретседател на Соединетите Американски Држави, ќе ги собере американските сојузници за да изврши притисок врз Кина и да го критикува Трамп затоа што го пофалил кинескиот лидер Шји Џјинпинг и покрај антивладините протести на таа територија минатата година.
Блинкен додаде дека администрацијата на Бајден целосно ќе го примени Законот за човекови права и демократија во Хонгконг, вклучувајќи санкции против службени лица, финансиски институции, компании и поединци.
Илјадници демонстранти се собраа вчера во Хонгконг за да протестираат против планот на Пекинг за воведување нови закони за безбедност, полицијата употреби бибер-спреј за да го растури недозволениот митинг, а имало и апсења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.