Свет
Активистите за човекови права: Во Белорусија се приведени повеќе од 250 демонстранти
Повеќе од 250 лица се приведени во Белорусија за време на протестите во понеделникот, соопшти центарот за човекови права „Весна“, нерегистриран од белоруското Министерство за правда, пренесува ТАСС.
„На списокот на активисти за човекови права има 254 имиња заклучно со 20 часот и тој се ажурира. Повеќето беа приведени во Минск и Гродно, а има притворени и во Брест, Новополотск и во Борисов“, се вели во соопштението.
Меѓу приведените има и студенти, кои го поддржаа повикот на опозицијата за штрајк на национално ниво. Во текот на денот луѓето во Минск формираа т.н синџири на солидарност и одржуваа протестни маршеви.
Неделата беше последниот ден од ултиматумот поставен од поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја на претседателот Александар Лукашенко. Барањата вклучуваа оставка на актуелниот претседател, слобода на политичките затвореници и прекинување на насилството.
Опозицијата ги повика работниците од индустриските претпријатија да почнат штрајк од понеделник во случај овие барања да не бидат задоволени.
Вработените во некои претпријатија престанаа да работат, но властите тврдат дека сите претпријатија од реалниот сектор на економијата во Белорусија работат рутински и производствените линии не се запрени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.