Свет
Американец пет години држел жена како сексуална робинка
Маж од Северна Каролина држел жена како сексуална робинка цели пет години и сега се соочува со обвиненија за трговија со луѓе.
Салвадор Еспиноза Ескобар (48) од Ешбор бил уапсен во средата бидејќи држел жена во сексуално ропство, скратувајќи ги нејзините основни животни потреби уште од јануари 2015 година, во замена за присилни сексуални акти, се вели во полициското соопштение.
Ескобар се појави на суд во петокот и бил пуштен со кауција од 100.000 долари. Властите засега не сакаат да го објават идентитетот на жртвата, а истрагата е во тек, пренесува Си-ен-ен.
Oндреа Азелтон, полициски командир, за локалните медиуми изјавила дека Ескобар наводно не ѝ давал храна на жената кога не сакала да има секс со него.
Локалните власти соопштија дека жената е во стабилна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.