Свет
Американскиот сенатор Рубио објави фотографија од убиството на Гадафи како закана за Мадуро
Американскиот сенатор Марко Рубио објави на својот профил на Твитер фотографија од бруталното убиство на либискиот лидер Моамер Гадафи како суптилна закана кон венецуелскиот претседател Николас Мадуро за веднаш потоа да стане цел на жестоко критики на социјалната мрежа во кои беше оценет како манијакален поттикнуваќ на војна со исклучително лош вкус, пренесува РТ.
Двете фотографии – едната го покажува Гадафи додека се уште беше на власт, а другата го покажува либискиот лидер измачуван неколку минути пред неговото брутално убиство – беа објавени на профилот на Рубио без никаков коментар.
Сепак, со оглед на неговите отворени повици за вооружено востание во латиноамериканската земја за отстранување на претседателот Мадуро, пораката беше повеќе од јасна.
Отворената закана кон лидер на странска земја со брутална смрт во рацете на милитантите поддржани од САД, очигледно беше премногу: иако неколку корисници на Твитер ја поддржаа визијата на Рубио за смртта на Мадуро, мнозинството жестоко го искритикува сенаторот поради екстремниот недостиг од тактичност и пристојност.
Мнпгумина тврдеа дека секој профил што пропагира воени злосторства на такво ниво најверојатно ќе беше суспендиран ако не му припаѓаше на американски сенатор.
„Марко Рубио објави насилна, графичка закана со смрт. Ако некој од од нас го објавеше ова, профилот ќе му беше суспендиран”, напиша новинарот Бил Палмер.
Многумина истакнаа дека Либија не е најдобриот пример за тоа како САД ја носи демократијата во странство, туку веројатно најлошиот. Со раатечката трговија со робови таму, земјата е де факто поделена на неколку завојувани државички, со банди вооружени “демократи” кои се борат за превласт и контрола.
Покрај фотографиите на Гадафи, Рубио објави сличен пример со Мануел Нориега – де факто владетелот на Панама во 1980-тите. Нориега, своевремено вредниот „агент“ на ЦИА кој му помогна на Вашингтон во вооружувањето на Контрашите на Никарагва, беше соборен за време на американската инвазија на земјата.
Непотребно е да се каже дека инвазијата предизвика многу човечки жртви, а Нориега го помина остатокот од својот живот во затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.