Свет
Американските војници знаеле за иранскиот напад 8 часа пред гранатирањето?
Речиси осум часа пред иранскиот ракетен напад врз американските сили во ирачките бази на 8 јануари, американските и ирачките војници во воздухопловната база Аин ал-Асад побрзале да ги пренесат персоналот и оружјето во заштитени бункери, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на двајца неименувани ирачки официјални претставници од базата.
До полноќ, ниту еден борбен авион или хеликоптер не останал на отворено, изјавил еден од изворите за агенцијата.
Друг извор од службите за разузнавање соопштил дека се чини оти американските војници го знаеле точното време за нападот и биле потполно свесни за фактот дека базата ќе биде нападната по полноќ.
„Кога ракетите, конечно, паднаа околу 1.30 часот наутро, тие погодија празни објекти, евакуирани неколку часа порано“, соопштил изворот.
Во нападот нема повредени или загинати лица.
„Ројтерс“ проценува дека ваквите тврдења се доказ оти иранскиот напад е една од најлошo зачуваните тајни во модерното војување, но сепак голема мистерија е зошто е тоа така.
По гранатирањето, неколку американски медиуми цитираа американски официјални лица, кои тврдат дека нападот бил спроведен со цел Иран да добие сатисфакција на повиците за одмазда по ликвидацијата на генералот Касим Сулејмани, а сепак притоа да не влезе во ризик од нови американски напади.
Други, повикувајќи се на извори од САД и арапските земји, велат дека Иран го предупредувал Ирак пред нападот и дека Ирак ги доставил тие информации до американската војска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.