Свет
Американците го срушија црниот светски рекорд – речиси половина милион заразени со Ковид-19
Соединетите Држави се најтешко погодената земја од пандемијата на коронавирус.
Сепак, ситуацијата ја усложнува фактот што во САД во последните 24 часа се откриени дури 484.377 нови случаи на коронавирус, што е нов светски рекорд.
Според последните податоци, 54,6 милиони луѓе се заразени во САД, а над 844.000 луѓе ги загубиле животите како последица на Ковид-19.
За потсетување, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост бидејќи истовременото ширење на делта и омикрон-сојот предизвикува, како што наведе, цунами од заразени.
Сепак, тој истакна дека се надева дека најлошиот дел од пандемијата ќе остане во 2021 година и дека е рано да се заклучи дека омикрон развива поблага клиничка слика.
Омикрон првпат беше регистриран во Јужна Африка минатиот месец, а веќе стана доминантен вид во САД и делови од Европа.
„Многу сум загрижен бидејќи омикрон, кој е попреносен и циркулира истовремено со делтата, доведува до цунами случаи“, рече директорот на СЗО на прес-конференција.
Тој додаде дека тоа дополнително ќе изврши притисок врз веќе изморените здравствени работници и здравствените системи кои се пред колапс.
BREAKING: U.S. reports 484,377 new coronavirus cases, setting world record
— BNO Newsroom (@BNODesk) December 30, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.