Свет
Американците испраќаат авиони за евакуација во Кабул, талибанците се закануваат
Десетици американски воени транспортни авиони се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром во Кабул, бидејќи околу 20.000 луѓе се останати во внатрешноста на аеродромот и чекаат евакуација, изјави анонимен извор за ситуацијата за Си -Ен -Ен.
Дури 33 авиони на воздухопловните сили Ц-17 се упатија кон меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град на Авганистан, изјавил изворот.
Секој од големите авиони со четири мотори има способност да земе 400 патници од Кабул, што би требало да направи пристојно намалување на бројката од 20.000 луѓе на аеродромот кои се обидуваат да излезат од Авганистан откако Талибанците ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата, пренесуваат медиумите во светот.
Но, изворот исто така кажал дека Вашингтон ја менува својата политика за тоа кој ќе биде примен на аеродромот, и од денеска, само на американските државјани и носителите на зелена карта и државјаните на земјите од НАТО ќе им биде дозволено да поминат преку аеродромските порти, пишуваат агенциите.
Истиот извор додал дека Талибанците помагаат во проверката на кандидатите кои сакаат да влезат на аеродромот, проверувајќи ја нивната документација. Подобни граѓани на САД или НАТО можат да донесат само членови на потесното семејство, како сопружници и деца, во базата.
Дури и со новите ограничувања, илјадници Авганистанци, главно воени лица без „никакви документи“, останаа на аеродромот, рече изворот.
И покрај летовите од САД и партнерските земји, кои од 14 август пренесоа повеќе од 30.000 луѓе од аеродромот во Кабул, претставници на Белата куќа рекоа дека аеродромот се уште е полн со луѓе кои се обидуваат да влезат.
Крајниот рок за евакуација е 31 август, и иако некои странски официјални лица бараат продолжување, талибанците јасно ставија до знаење дека нема да се согласат со тоа, пишуваат агенциите.
„Ако САД или Обединетото Кралство бараат дополнително време за продолжување на евакуацијата, одговорот е не. Или ќе има последици “, рече Сухаил Шахин, член на талибанската делегација во Доха, главниот град на Катар.
„Тоа е црвена линија. Американскиот претседател Бајден објави дека сите нивни воени сили ќе се повлечат на 31 август. Значи, ако се продолжи рокот, тоа значи дека е продолжена окупацијата, иако тоа не е потребно “, рече тој.
„Тоа ќе создаде недоверба меѓу нас. Ако имаат намера да ја продолжат окупацијата, тоа ќе предизвика реакција“, изјавил Шахин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.