Свет
Американците мора да си заминат на време, порача талибански лидер
Талибанскиот лидер Мохамед Наим рече дека нивната главна цел е мирно да ги решат сите проблеми, но дека Американците мора да го напуштат теренот на време.
„Талибанците објавија општа амнестија за владините претставници во Авганистан. Тоа е еден од чекорите. Ние исто така водиме мирен дијалог за решавање на проблемите што постоеја порано. Преговаравме со американските власти и постигнавме договор што светот го гледа денес”, рече тој, во интервју за руски агенции.
„Постигнавме договор странската армија да ја напушти нашата земја. Нашите главни цели и први чекори се дијалог и мирно решение на секој проблем. Таквата политика беше успешна. Мирниот процес доведе до тоа луѓето сега да бидат обединети”, додаде Наим.
На прашањето како ја оценува одлуката на САД за поместување на датумот за повлекување на армијата, Наим вели дека талибанците не очекувале да се помести датумот за конечното повлекување од Авганистан.
„Не го прифаќаме тоа. Беше одреден датум, 21. Датумот беше договорен со САД и поддржан од Советот за безбедност на Обединетите нации. Сепак, САД еднострано го поместија датумот и ние категорично не го поддржуваме. Мораат да го исполнат рокот. Земјата се промени за 100 проценти и не е во нивен интерес да останат тука. Мораат да си заминат навреме, за да нема нови проблеми”, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.
Претходно вчера, заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.
Палестинската управа (ПА) го осуди потегот нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.
Кабинетот на претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, го нарече американското вето „еклатантна агресија …туркање на регионот преку работ“.
Израелскиот министер за надворешни работи на Израел, Кац, го пофали американското вето додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.
Свет
Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел
САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на Палестинците и да ги принудат да му се покорат на Израел, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Со користењето на ветото петтипат од почетокот на ескалацијата во Газа тие повторно го покажаа својот вистински однос кон Палестинците. Според мислењето на Вашингтон, тие не заслужуваат да имаат своја земја“, изјави Небензја.
Тој истакна дека Палестинците се само пречка на патот кон остварување на интересите на Израел.
„САД се подготвени да ги затворат очите пред злосторствата на Израел врз цивилите во Газа, да го игнорираат илегалното населување на Западен Ерусалим на Западниот Брег. Целта е да се скрши духот на Палестинците, да се натераат безусловно да се потчинат на окупаторската власт, да се претворат во слуги и луѓе од втор ред, а можеби и целосно да се искоренат и протераат од нивната родна земја“, изјави Небензја по гласањето за нацрт-резолуцијата за прием на Палестина во ОН.
Како што истакна, резултатот од гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прием на Палестина во ОН како полноправна членка покажува дека САД се речиси целосно изолирани.
„Страдањата на палестинските цивили одекнуваат во срцата и душите на милиони луѓе во светот. Во земјите што доставуваат оружје за Западен Ерусалим сѐ почесто се слушаат гласовите на оние пто се за забрана на таквите испораки. Резултатите од гласањето, кога Вашингтон се најде речиси целосно изолиран, зборуваат сами за себе“, рече рускиот дипломат.
Тој оцени дека американското вето е „неплоден обид да се запре неуморниот тек на историјата“.
„Гледајќи низ прсти на најнепромислените постапки на нашиот сојузник (Израел), немањето желба за барање праведни решенија, е директен пат кон натамошно лизгање во бездната на војната што може да го зафати целиот регион“, рече Небензја.
Тој рече и дека таквата политика е недостојна за една голема сила.
„Историјата нема да ви го прости тоа. Ги повикуваме САД да го слушаат гласот на разумот и да размислат за последиците од нивните одлуки“, рече Небензја.
Свет
Потврдено: нема штета на иранските нуклеарни постројки
Нема штета на иранските нуклеарни постројки, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“ и повика на „екстремна воздржаност“.
IAEA can confirm that there is no damage to #Iran’s nuclear sites. DG @rafaelmgrossi continues to call for extreme restraint from everybody and reiterates that nuclear facilities should never be a target in military conflicts. IAEA is monitoring the situation very closely. pic.twitter.com/4F7pAlNjWM
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) April 19, 2024