Свет
Американците осудија Русин кој на интернет купил упатство за управување со авион Ф-16
Американски суд осуди Русин за заговор против САД, бидејќи на платформата за онлајн купување „eBay“ порачал инструкции за користење борбен авион Ф-16. Олег Тишченко тврди дека упатството и другите документи ги купил за да направи реалистичен симулатор.
Тишченко во 2011 година го пребарувал „eBay“ со цел да купи упатство за користење на Ф-16А/Б. Меѓутоа, документите не можеле да му бидат доставени во Русија, бидејќи продавачот не нудел можност за испраќање во странство, пишува „Раша тудеј“.
Затоа, Русинот побарал помош на интернет-форум посветен на играта Digital Combat Simulator (DCS). Еден член на форумот кој живеел во Тексас се согласил да ја прифати нарачката и потоа документите да му ги препрати во Москва, па Тишченко ги добил инструкциите за управување малку подоцна истата година.
Иако испраќачот тврди дека не видел оти материјалот е означенен како доверлива содржина односно дека тој бил сигурен оти документите се застарени, испраќањето на ваквите документи претставува прекршување на законот за извоз на оружје, бидејќи инструкциите за борбени системи се наведени на листата за американска муниција и потребна е дозвола за извоз во странство.
Тишченко беше обвинет во 2016 година, но беше уапсен дури годинава, кога отпатувал за Грузија, земја која го екстрадирала во САД. Тој е обвинет за заговор против САД и за криумчарење и кршење на Законот за контрола на извозот на оружје.
Руската амбасада во Вашингтон сугерираше дека можеби станува збор за местенка од страна на американските власти.
Во рамки на истрагата е утврдено дека Тишченко собирал упатства за неколку авиони, односно дека документите поврзани со борбениот авион Ф-16А ги продавал и на купувачи од Кипар, Јапонија, Холандија, Австралија, Германија и Тајван во периодот меѓу 2012 и 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.