Свет
Антисемитски графити се појавија на продавници и синагога во Лондон за време на Ханука
Додека еврејската заедница во Лондон го славеше празникот Ханука, вандалите ги чкртаа нивните продавници и синагогата со антисемитски графити. Полицијата ги истражува инцидентите во време кога антисемитизмот расте, пренесува РТ.
Лондонската полиција добила извештаи за графитите во саботата и спроведува истрага за да ги најде одговорните.
Графитите – кои се наоѓаат на голем број локации во областа Хамстед и Белсајз Парк – ги прикажуваат Давидовата ѕвезда и броевите „9.11“, алузија на теоријата на заговор дека еврејска кабала (група) ги оркестрирала терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк. Една од суровите пораки беше напишана со спреј на синагогата на Јужен Хемпстед.
„Мора да сториме сè за да ја искорениме оваа расистичка омраза, што беше незамислива само неколку години претходно“, објави советникот од Хамстед, Оливер Купер.
Во август извештајот на една еврејска активистичка група утврди дека во првите шест месеци од 2019 година биле регистрирани 892 антисемитски инциденти, вклучително и 85 напади. Ваквите инциденти се сè побројни од 2013 година и се движат од вознемирување на социјалните мрежи до физички напади на улица.
За подемот на антисемитизмот се обвинети екстремната десница, муслиманските мигранти и Лабуристичката партија на Џереми Корбин, кој беше под притисок да се извини откако главниот рабин, Ефраим Мирвис, изјави дека во партијата се вкоренил нов отров поддржан од самиот врв.
Иако посочи дека му е жал за случувањата, Корбин истакна дека овие ставови ги имале и членови на другите партии, вклучително и либералдемократите и конзервативците. Некои експерти тврдат дека самиот Корбин бил обвинет за антисемитизам поради неговото спротивставување на политиките на Израел и безусловната поддршка за Палестина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.