Свет
Апелациониот суд го поддржа суспендирањето на указот на Трамп за забрана за влез во САД, за него тоа е политичка одлука
Сојузниот апелационен суд на САД во Сан Франциско едногласно го поддржа суспендирањето на извршниот указ на претседателот Доналд Трап за привремена забрана за влегувањето на американска територија на државјани од седум мнозински муслимански земји, иако во неговата уредба не се споменува зборот ислам.
Набрзо по објавувањето на пресудата претседателот Доналд Трамп на својот Twitter профил порача „Ќе се видиме на суд, безбедноста на нашата нација е во прашање!“.
На новинарите пред канцеларијата на неговиот портпарол, Трамп им најави дека на крајот ќе го добие случајот,а пресудата на жалбениот суд ја оцени како „политичка одлука“.
Американското министерство за правосудство објави дека ја преиспитува одлуката и ги разгледува опциите кои стојат на располагање.
На 27-ми јануари претседателот Доналд Трамп го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија. Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.
Сојузниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт на 3-ти февруари го блокираше овој указ на Трамп со што тој не важеше на целата територија на САД. Потоа на 5-ти февруари, Окружниот апелационен суд во Сиетл одби, на барање на американското министерство за правосудство, да донесе итна мерка со којашто ќе биде суспендирана одлуката на федералниот судија Робарт, а којашто се однесува на целата територија на САД за привремено поништување на привремениот извршен указ на претседателот Трамп. Овој апелациониот суд го установил рокот за министерството за правосудство за одговор на тужителот кој истекува за приговорот на тужениот. Тој требало да биде даден до понеделник.
Пресудата од четвртокот,којашто следеше по рочиштето во вторникот, не го решава правниот спор, туку се однесува на прашањето дали указот на Трамп треба да биде суспендиран за време на судската постапка.
Двајца од тричлениот судски совет ги именуваа поранешните демократски претседателот Џими Картер и Барак Обама, а еден го именуваше републиканскиот претседател Џорџ В. Буш, па одлуката и не е зачудувачка, имајќи ја предвид острата политичка поделеност во американското општество по победата на Трамп на ноемвриските претседателски избори.
Владата може да побара целиот Апелационен суд на САД за деветтиот округ, кој има 29 активни судии и е надлежен за државите и териториите на западот од Соединетите држави, да ја преиспита одлуката или директно да вложи жалба до Врховниот суд, ој најверојатно и ќе го одреди крајниот исход од судскиот спор.
Тројцата споменати судии оцениле дека и привремената повторна примена на забраната би можела да предизвика штета. Во пресудата наведуваат дека увидуваат спротиставени интереси на националната безбедност и на слободата на движење, но де владата на САД не понудила „никакви докази“ за загриженост по националната безбедност кои би ја оправдале забраната за граѓаните од споменатите седум земји. Додаваат дека владата не изнела ниеден доказ дека кое и да е лице од тие земји сторило терористички напад во САД.
Министерството за правосудство на САД напиша во неделата дека одлуката на споменатиот судија, донесена во петокот, нанесува моментална штета на американската јавност и го оневозможува спроведувањето на извршна уредба, а исто така ги доведува во прашање национално-безбедносните процени на претседателот за ризикот кој претставува влегување во земјата на одредени групи и е најдобриот начин за намалување на тој ризик.
Министерството за правосудство не објави кога ќе ја поднесе самата жалба на деветтиот окружен апелационен суд на одлуката на судијата Робарт. Во поднесокот на министерството за правосудство Трамп е наведен како еден од подносителите во својство на претседател, заедно со секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели и државниот секретар Рекс Тилерсон.
Противниците велат дека е илегална забраната за влез за бегалците и за државјаните од седумте земји. Сојузната држава Вашингтон тврди дека забраните донеле големи штети, бидејќи некои студенти од тие држави не можеле да се вратат на универзитетите,. Но во претходно администрацијата на Трамп дека забраната нема да важи за сите оние кои поседуваат уредни американски визи во нивните пасоши, а има податок дека биле отповикани околу 60.000 визи откако указот стапи на сила на 27-ми јануари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.