Свет
Апликацијата за следење на пандемијата на коронавирусот ги откри најчестите симптоми
Губењето на осетот за мирис и вкус можеби е најдобриот начин да знаете дали страдате од коронавирус, се вели во анализата на податоците собрани од интернет-апликацијата за следење на пандемијата на коронавирусот, каде што корисниците ги пријавуваат симптомите, а ја изработија британски и американски научници.
Ресиси 60 проценти од корисниците, за кои подоцна беше потврдено дека страдаат од коронавирусот Ковид-19, пријавиле губење на мирисос и вкусот, покажа анализата. Ова е споредено со 18 проценти од оние што пријавиле исти симптоми и кои биле негативни на коронавирусот.
Од 1,5 милион корисници на апликацијата од 24 до 29 март, 29,26 проценти пријавиле барем еден симптом преку таа апликација.
1.702 пријавиле дека се тестирани на Ковид-19, кај 579 лица болеста била потврдена, а кај преостанатите 1.123 не била потврдена болеста.
Со помош на собраните податоци, тим научници развија математички модел за да идентификуваат која комбинација на симптоми – од губење на мирисот и вкусот, треска, постојана кашлица, замор, дијареја, болка во стомакот до губење на апетитот – е најточен показател на Ковид-19.
„Според нашите податоци, луѓето што во комбинација со други симптоми пријавиле и губење на мирисот и вкусот се чини дека имаат трипати поголеми шанси да страдаат од Ковид-19 и затоа треба седум дена да се самоизолираат за да го намалат ширењето на инфекцијата“, вели водителот на истражувањето, професорот Тим Спектор од Кинг колеџот во Лондон.
Тимот на Спектор го применил откритието на повеќе од 400.000 луѓе, кои пријавиле симптоми на апликацијата и сè уште не биле тестирани на Ковид-19, и откри дека речиси 13 проценти од нив, веројатно, ќе бидат заразени.
Тоа би сугерирало дека околу 50.000 Британци може да имаат непотврден Ковид-19, вели Спектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.