Свет
Археолози во Перу пронашле остатоци од жртвувани деца на кои им биле вадени срцата
Перуански археолози пронашле остатоци од 227 деца за кои се верува дека биле жртвувани меѓу 1200 и 1520 година, пренесе националната агенција „Андина“.
Остатоците од децата на возраст од 4 до 14 години биле пронајдени во 2016 година на подрачје на површина од 5.000 километри квадратни, на локацијата Пампа ла Круз, во близина на крајбрежниот град Хуанчако, во северозападниот дел од земјата.
Последните остатоци биле откриени на почетокот на оваа недела и му припаѓаат на 10-годишно момче, кој имал сребрени обетки, што покажува дека биле жртвувани деца од повеќе класи, изјавил археологот Габриел Приет, пренесува весникот „Ел комерцио“.
Жртвувањата се дел од културата на цивилизацијата Чиму, која почнала да се формира во првата половина на 14 век и градела градови и се развивала со обемни системи за наводнување.
Во 15 век Инките ја совладале оваа цивилизација, а нив подоцна ги освоиле Шпанците. Остатоците од децата се пронајдени во јами или гробници, во седечка или лежечка положба свртени кон морето. Убиени се најверојатно со бакарни ножеви, пи што им било вадено срцето, велат експертите.
Жрвувањата најверојатно биле организирани за божицата на морето, за да се обезбедат воени победи или да се прослави победнички поход. Не е јасно зошто се жртвувале деца, а не возрасни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.