Свет
Асанж вели дека извештајот на CIA е политизиран и без докази
Извештајот на Централната разузнавачка агенција (CIA) за наводното руско вмешување во американските претседателски избори е политички мотивирано и не содржи никакви докази, оцени во понеделниот Џулијан Асамж во текот на онлајн прес-конференцијата и негираше за селективност дека WikiLeaks намерно не го објавувал доверливите информации за Републиканската партија.
Во извештајот на американското разузнавање се наведува дека „јасно е утврдено“ дека лица поврзани со руското воено разузнавање му ги доставиле на WikiLeaks хакираните адреси на електронската пошта на Џон Подеста, поранешниот шеф на изборниот штаб на кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон кои серверот на оваа партија, кои во јавноста открија некои компромитирачки и непријатни сознанија, што, пак, била целта на рускиот претседател Владимир Путин да го фаворизира сега избраниот кандидат на Републиканската партија, Соналд Трамп.
„Тоа не е извештај на разузнавачки служби, нема разузнавачка структура. Тоа е многу непријатно за репутацијата на американските разузнавачки служби. Тој има структура на дневен претседателски брифинг… Тоа е соопштение за медиуми и јасно е направено за да има политички ефект“, изјави основачот на WikiLeaks во директното обраќање преку Periscope, видео услугата на Twitter.
„Тој извештај претставува политички напад врз Доналд Трамп и целта му е да го оспори изборот на новиот американски претседател“, додаде Асанж.
„Никаде во извештајот не постои никаков доказ“, додаде Австралиецот кој со години живее во еквадорската амбасада во Лондон.
Асанж повторно одби да ги открие изворите коишто преписката му ја доставиле на WikiLeaks, но истакна дека „Изворите на WikiLeaks не се членови на ниедна влада и не се од руската влада“.
„Ние бевме многу возбудени поради објавувањето на овој извештај, бидејќи FBI, CIA и NSA и кабинетот на директорот на Националната безбедност на САД дојдоа во нашето друштво, заеднички потврдија… На објавувањата на WikiLeaks им е потврдена автентичноста од различни аспекти и оти тие се точни“, додаде Асанж.
Одговори, исто така, и на прашањето за наводната селективност и ги негираше тврдењата дека WikiLeaks намерно не ги објавувал истите информации за Републиканската партија.
„Не, тоа не е вистина, апсолутно не е вистина“, одговори Асанж, одговарајќи на прашањето дали неговата организација имала пристап до републиканскиот Национален комитет и дали намерно одлучиле да не ги објавуваат тие информации.
Асанж истакна дека главната цел на WikiLeaks е објавувањето владини информации, вклучително и документи од Стејт департменот. Хилари Клинтон во периодот од 2009 до 2013 година беше шефица на американската дипломатија, и оттаму, според него, објавените податоци „до одреден степен“ се однесуваат на самата неа.
Сајтот WikiLeaks во текот на кампањата во САД објави илјадници електронски преписки на челниците на Демократската партија, кои доведоа до оставка на шефот на Националниот комитет на партијата (NDC), Деби Васерман-Шулц непосредно пред партиската конвенција и непријатни обвиненија дека партиските челници имале заговор во кој биле вклучени и медиумите за да го дискредитираат сенаторот Берни Сандерс кој беше противкандидат на Хилари Клинтон на париските предизбори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.