Контакт

Свет

Ајкула уби нуркач во познато одморалиште во Мексико

Објавено пред

Голема бела ајкула го уби нуркачот Мануел Лопез во познато летувалиште во Мексико.

dobivaj vesti na viber

Страшниот напад се случил на 5 јануари, а ајкулата му ја откинала главата и вратот на нуркачот.

Мануел нуркал во популарниот залив Тобари, кога ненадејно го нападнала ајкула долга шест метри.

Портпаролот додаде дека нуркачите во оваа област биле предупредени за зголемено присуство на ајкули и дека повеќето од нив тие денови не влегле во водата, пишува Мирор.

Мануел веројатно не сакал да ги послуша тие предупредувања, бидејќи се обидел да заработи ловејќи школки.

„Големите бели ајкули се најзастапени во Калифорнискиот Залив во текот на декември и јануари, велат експертите.

По нападот заливот бил затворен за пливање 24 часа,пренесе Телеграф.рс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Пронајдено телото на подофицер на војската на Србија кој паднал во вода на вежба

Објавено пред

Телото на подофицер на Војската на Србија е пронајдено утрово во каналот Дунав-Тиса-Дунав, дознава Телеграф.рс.

dobivaj vesti na viber

Еден подофицер на вооружените сили на Србија е тешко повреден вчера при вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по друг се трага откако паднал во вода, соопшти Министерството за одбрана.

Телото на бараниот подофицер е пронајдено утрово.

Како што се наведува во соопштението, инцидентот се случил при реализација на редовни тренажни активности на слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“ околу 12:15 часот.

Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции.

По укажаната прва помош, повредениот подофицер бил итно пренесен во Општата болница во Вршац.

Прикажи повеќе...

Свет

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Објавено пред

Австралиската полиција соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од наводен верски екстремизам, бидејќи земјата е потресена од вториот масовен напад со нож во последните три дена.

dobivaj vesti na viber

Најмалку четири лица беа ранети во нападот, вклучувајќи го и епископот Мар Мари Емануел од Асирската црква на Христос Добриот Пастир, кога маж го нападна со нож за време на службата што се емитуваше во живо во понеделникот.

Инцидентот во западното предградие на Сиднеј, Вејкли, предизвика судири пред црквата меѓу полицијата и гневната толпа следбеници на бискупот кои бараа напаѓачот да им биде предаден.

Полицијата го уапсила тинејџерот на местото на настанот и била принудена да го задржи внатре во црквата за своја безбедност.

„Веруваме дека има елементи кои се задоволни во смисла на верски мотивиран екстремизам“, изјави началникот на полицијата на државата Нов Јужен Велс, Карен Веб, додавајќи дека по досегашната истрага било заклучено дека се работи за терористички инцидент.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат нејзината Револуционерна гарда како терористичка организација по првиот директен напад на Иран врз Израел.

dobivaj vesti na viber

„Покрај воениот одговор на лансирањето проектили и беспилотни летала, јас водам дипломатски напад врз Иран“, рече Кац во објава на социјалните мрежи.

Кац додаде дека испратил писма до 32 земји и разговарал со многу колеги, барајќи од нив „да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат Револуционерната гарда за терористичка организација како начин да се запре и ослабне Иран“.

„Мораме да го запреме Иран сега, пред да биде предоцна“, вели Кац.

Израел соопшти дека ќе одговори на иранскиот ракетен и беспилотен напад во текот на викендот, и покрај повиците од сојузниците за воздржаност за да се избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Групата од седум индустриски најразвиени земји, Г7, веќе работи на пакет координирани мерки против Иран, објави британскиот премиер Риши Сунак.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

„Немам патиска книшка, само крводарителка“ – за приватните специјализанти деградирачка е изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не бидат на писмено од Владата...

Свет47 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет3 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија13 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија21 час

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија23 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...