Свет
Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија.
„Таа опција не е на маса. Идејата дека САД ќе употребат сила еднострано за да ѝ се спротивстават на Русија во случај на нејзина инвазија на Украина во моментот е нереална. Но, ако таа инвазија се случи, ќе има сериозни последици“, им рече Бајден на новинарите, пренесуваат американските гласила.
По разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, Бајден изјави дека Соединетите Американски Држави и европските сојузници се длабоко загрижени поради акумулацијата на трупи на Русија во близина на границата со Украина и дека ќе одговорат со силни економски санкции доколку Русија ја нападне таа земја.
Сепак, и без испраќање американски војници, највисоките функционери на Белата куќа и на Пентагон во средата истакнаа дека сѐ уште има начини Вашингтон да ја зајакне одбраната на Киев.
„Постојат опции за проширување на безбедносната помош за самоодбраната на Украина“, рече потсекретарот за политика на Пентагон, Колин Кал, на самитот за виртуелна безбедност, посочувајќи на моментните испораки на муниција, противтенковски системи, радари и други објекти. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, исто така ја бранеше политиката на администрацијата во областа на помошта за Украина.
„Да се биде активен, значи да се подготвуваме. Ние отидовме многу подалеку од која било претходна администрација во однос на обезбедување одбранбена поддршка за украинската армија долго пред да избувне потенцијална криза“, рече Саливан на самитот.
Рускиот лидер го обвини НАТО дека прави опасни обиди да ја освои украинската територија и дека акумулира воени капацитети во близина на руската граница, соопшти Кремљ, пренесува „Гласот на Америка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.