Свет
Бајден: САД нема да дозволат Русија да ги заплашува европските земји за гасот
Американскиот претседател, Џо Бајден, се огласи по прекинувањето на испораката на гас за Полска и Бугарија.
„САД нема да дозволат Москва да ги заплашува европските земји со закана дека ќе ги лиши од снабдувањето со енергија. Нема да дозволиме да ги користат своите резерви на нафта или гас за да ги избегнат последиците од нивната агресија во Украина“, рече претседателот Бајден.
„Работиме со други земји, како Кореја, Јапонија и Катар, за да им помогнеме на нашите европски сојузници на кои им се заканува уцена со руски гас“, додаде тој.
Во средата рускиот гигант „Газпром“ ги прекина сите испораки на гас за Бугарија и Полска, членки на Европската Унија и НАТО, со закана од недостиг во Централна и Источна Европа, но и на целиот европски континент.
Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен, изјави дека Русија на некој начин си штети самата на себе со тоа што се лишува од приходите од продажбата на гас на двете земји.
Блинкен исто така укажа на зголемените испораки на течен природен гас од Соединетите Американски Држави во Европа за да помогне да се компензира евентуалниот недостиг, вклучително и оние предизвикани од уцената на Русија, пренесува „Бета“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.