Свет
Бајден смета дека Пакистан е една од најопасните земји во светот
Пакистанскиот министер за надворешни работи Билавал Буто Зардари денеска изјави дека американскиот амбасадор во таа земја, Доналд Блум, бил поканет во министерството откако американскиот претседател Џозеф Бајден изјавил дека Пакистан можеби е една од најопасните земји во светот бидејќи поседува нуклеарно оружје без каква било кохезија..
Буто Зардари истакна дека е изненаден од изјавата на Бајден и оти смета дека поканата на американскиот амбасадор во министерството нема негативно да се одрази на односите меѓу двете земји.
Во четвртокот, за време на приемот на конгресмените од Демократската партија, Бајден рече дека Пакистан е можеби една од најопасните земји во светот бидејќи има нуклеарно оружје без никаква кохезија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.