Свет
Бил Гејтс донира уште 250 милиони долари за борбата против Ковид-19
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и подостапна вакцина против коронавирусот.
Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација Фондацијата донира вкупно 1,75 милијарда долари за борбата против пандемијата.
„Дали светот ќе стане подобро место за живеење за сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да ги направат тестовите, лековите и вакцините достапни за оние на кои им се потребни“, соопшти Фондацијата.
Парите ќе бидат искористени за доставување тестови и вакцини во неразвиените земји со средни приходи.
Велика Британија стана првата земја што почна да вакцинира против Ковид-19 во вторникот кога 90-годишник ја прими вакцината што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“.
Канада вчера ја одобри вакцината, а експерти на американската Администрација за храна и лекови денеска ќе разговараат дали да ја препорачаат или не.
Вакцината на „Фајзер“ е тешко достапна за сиромашните земји бидејќи мора да се чува на многу ниски температури.
„Нови лекови и потенцијални вакцини може да се појават на почетокот на следната година. Но, тие ќе спасат животи, само ако стигнат таму каде што треба“, истакна Бил Гејтс.
Уште еден американски производител на вакцини, „Модерна“, кој тврди дека неговата вакцина е ефикасна 94,5 проценти, побара одобрување во САД и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.