Свет
Бил Гејтс призна дека во 2016 година го известил Трамп за опасноста од пандемија
Основачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардер Бил Гејтс изјави дека се обидел да го предупреди новоизбраниот претседател Доналд Трамп за опасноста од голема пандемија на вирус веднаш по претседателската трка во 2016 година, но истакна дека се чувствува виновен што не го сторил тоа дури и погласно.
„Кога се сретнав со луѓето од врвот во Европа, Соединетите Американски Држави, од светот, избрав да разговарам за овој ризик од пандемија“, изјави тој во интервју за „Волстрит џурнал“ објаснувајќи дека тој му кажал за пандемијата на американскиот претседател за време на состанокот во декември 2016 година во „Трамп тауер“.
„Се чувствувам страшно. Целта на разговорот беше да можеме да преземеме мерки и да ги намалиме штетите. Посакувам да сторев повеќе за да привлечам внимание на опасноста“, рече Гејтс.
Тој вели дека, иако многу светски лидери во принцип се согласиле со неговите совети, малкумина презеле какви било активности за да се подготват, што го натерало самиот да почне да бара потенцијални решенија.
Преку Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, основана во 2000 година, технолошкиот претприемач и неговата сопруга обрнаа внимание на голем број здравствени кризи во светот вклучително и финансирање за лекување ебола и за вирусот зика, а сега ги ублажуваат ефектите од Ковид-19.
Фондацијата издвои приближно 250 милиони американски долари за борба против оваа болест, која Гејтс ја нарекува – најдраматична работа во мојот живот, со надеж дека, конечно, ќе се најде вакцина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка, испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала нивната ќерка.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме е неописливо. Тоа може да го разбере само родителот. Неколку пати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот, ниту во кола, ниту ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле тоа. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога се ќе заврши, ќе кажеме се“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.