Свет
Блинкен: Путин не покажува знаци дека ќе престане
Во моментот Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин не покажуваат знаци дека сакаат да учествуваат во одговорни преговори и да стават крај на крвавата агресија на Русија против Украина, изјави во четвртокот вечерта американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
„Денеска, морам да кажам, од една страна, ја фалиме Украина што е на маса и покрај тоа што е бомбардирана секоја минута од денот. Во исто време, не видов некои значајни напори на Русија да ја доведе оваа војна до крај преку дипломатија“, рече тој.
Според државниот секретар, САД целосно ги поддржуваат напорите на Украина за деескалација преку дипломатија, постигнување прекин на огнот и повлекување на руските сили. Во таа насока Блинкен ги поздрави напорите на другите народи, вклучувајќи ги Франција, Германија, Израел и Турција.
Високиот американски дипломат истакна дека дипломатијата бара одговорен однос од двете страни во преговорите и директна деескалација.
„Во моментот не гледам знаци дека Путин е подготвен да запре. Напротив, ако ги слушате неговите последни забелешки вчера, тоа сугерира дека тој се движи во спротивна насока“, рече американскиот државен секретар.
Како што претходно објави „Укринформ“, војната со руските освојувачи во Украина трае од 24 февруари. Меѓународните разузнавачки служби наведуваат дека руската економија забрзано се приближува кон неисполнување на обврските поради невидените санкции и извозните ограничувања наметнати од Западот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.