Свет
Богатите земји ги разграбаа вакцините против коронавирусот
До крајот на годината стотици милиони дози одобрени вакцини може да се најдат на пазарот. Но, според студијата на американскиот Универзитет „Дјук“, половина од производството е веќе обезбедено од најбогатите земји, чие население сочинува само мал дел од светската популација.
Фактите зборуваат против убавите зборови што се слушнаа за лансирање на глобалната платформа „Ковакс“, каде што под водство на Светската здравствена организација (СЗО) беа собрани 186 земји што треба да учествуваат во фер дистрибуција на вакцините, пренесува ДВ.
„Заедно обезбедуваме милиони дози за сиромашните земји“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. Европската Унија донира 800 милиони евра за системот „Ковакс“. Сепак, до крајот на годината овој систем ќе обезбеди доволно дози на вакцини за да имунизираат само 200 милиони луѓе во светот.
Хуманитарната организација „Лекари без граници“ го критикува „Ковакс“ дека нема доволно средства и зависи од донации. Покрај тоа, велат од оваа организација, богатите земји ги разграбале сите вакцини до кои можеле да дојдат.
На пример, Европската Унија веќе обезбедила две милијарди дози до крајот на следната година, што е доволно за имунизација на милијарда луѓе – а ЕУ, без Велика Британија, ќе има околу 450 милиони жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.