Свет
„Боинг“ постигна договор за испорака на повеќе од 1.000 проектили во Саудиска Арабија
На „Боинг“ му беа доделени два договора вредни повеќе од 2 милијарди долари за испорака на повеќе од 1.000 ракети воздух-земја и противбродски ракети на Саудиска Арабија, соопшти Пентагон во средата, пренесува „Брејтбарт“.
Првиот договор, вреден 1,97 милијарда американски долари, е за модернизација на крстосувачките ракети SLAM ER и за испорака на 650 нови проектили за поддршка на владата на Саудиска Арабија. Договорот треба да биде завршен до декември 2028 година за SLAM ER, ракета воздух-земја наведувана од ГПС со опсег до 155 наутички милји (околу 290 километри).
Пентагон исто така најави договор вреден над 650 милиони долари за испорака на 467 нови противбродски проектили „Харпун блок 2“ вклучувајќи повеќе од 400 за Саудиска Арабија.
Другите проектили ќе бидат доставени во Бразил, Катар и на Тајланд. Придружната опрема ќе биде доставена до Индија, Јапонија, Холандија и до Јужна Кореја.
Во посебна изјава од „Боинг“ информираа дека новите договори ќе обезбедат продолжување на програмата „Харпун“ до 2026 година и ќе ја рестартираат линијата за производство SLAM ER.
„Боинг“, кој рече дека го испорачал својот последен систем за оружје SLAM ER во 2008 година, вкупниот договор го проценува на 3,1 милијарди американски долари. Портпаролката рече дека договорот вклучува и претходно најавена нарачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.