Свет
Болница доби судска наредба да не исклучува од апарати бебе што се бори за животот
Судија во Тексас, САД, ѝ нареди на болницата да не го исклучува од апарати деветмесечното бебе кое се бори за животот сè додека неговото семејство не најде решение за лекување на детето.
Деветмесечната Тинсли Луис е родена со ретка срцева мана и страда од хронично заболување на белите дробови. Лекарите во болницата во која е сместена планирале да ја исклучат од апаратите за дишење поради болките што ги трпи детето и тешката здравствена состојба поради што веруваат дека ѝ нема спас. Но, со одлука на судијата во Тексас, болницата ќе мора и понатаму да се грижи за бебето, а семејството до крајот на ноември ќе мора да најде решение за бебето.
Тинсли е родена со ретка срцева болест, наречена Ебштајн аномалија, и страда од хронично заболување на белите дробови и тешка хронична пулмонална хипертензија, изјавија од детската болница „Кук“. Поради тоа таа од раѓањето се наоѓа на интензивна нега, каде што се одржува во живот.
„Веруваме дека животот на секое дете е свет, ние исто така веруваме дека ниту едно дете не треба да биде осудено на живот во болка. Сетаме дека е во нејзин најдобар интерес да ја ослободиме од вештачка, т.е. медицинска интервенција и од страдање“, велат од болницата.
Но, со налогот на судот нејзиниот третман е продолжен до 23 ноември.
Мајката на Тинсли, Тринити Луис, вели дека нејзиното дете ги заслужува сите шанси што може да ги добие за да преживее. Семејството веќе посетило 20 установи од Лос Анџелес до Филаделфија за да види дали друга болница ќе ја преземе грижата за бебето. Но, сите тие се согласиле со процената на детската болница „Кук“ за нејзината состојба и рекле дека не можат ништо повеќе да сторат. Лекарите тврдат дека детето е постојано под седативи за да не чувствува никаква болка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.