Свет
Болсонаро до новинар: Сега ќе те удрам по главата
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, потврди дека вчера сакал да удри еден новинар по главата.
Инаку, новинарот го прашал што знае за уплатата што ја извршил поранешниот соработник на син му на сметката на неговата сопруга Мишел Болсонаро.
„Сега ќе те удрам по главата, ок?“, му одговори десничарскиот претседател на новинарот од весникот „О Глобо“, пренесе „Ројтерс“.
На почетокот на август бразилските медиуми пренесоа дека Фабрисио Кејроз, поранешен соработник на сенаторот Флавио Болсонаро – син на претседателот Жаир, уплатил 72 илјади реали или речиси 13 илјади долари на сметка на сопругата на претседателот.
Кејроз е уапсен и против него се води истрага за проневера на речиси 1,2 милион реали или 213.500 американски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.