Регион
Борел: Западен Балкан и процесот за пристапување е важен за ЕУ
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека со денешната средба со министрите за надворешни работи на шесторката од Западен Балкан, ЕУ сака да укаже колку е важен Западен Балкан и пристапниот процес за него.
„Имав средба со нив пред неколку дена овде во Брисел, а денеска тие ќе седнат во Советот за надворешни работи за да разговараат за ситуацијата на Западен Балкан – силно погоден од економската криза“, рече Борел пред дводневниот состанок на ЕУ во Брисел, како дел од работниот ручек на министрите за надворешни работи на ЕУ и Западен Балкан.
Борел додаде дека европските министри ќе разговараат и со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, преку видеоконференција.
„Украинците продолжуваат да имаат многу жесток отпор, а ние ќе продолжиме да им обезбедуваме оружје за отпор“, рече тој.
Одговарајќи на новинарски прашања, Борел рече дека ЕУ силно ги поддржува Финска и Шведска, кои се обидуваат да влезат во НАТО. Тој рече дека шведската министерка за надворешни работи, Ане Линде, го информирала дека „процесот е започнат, дека ќе го информира кралот и дека има силна поддршка за оваа одлука во шведското општество и шведскиот политички спектар“.
„Значи, мислам дека земјите членки на Европската Унија ќе ја поддржат оваа одлука и се надевам дека би можеле да го надминеме противењето на некои членки на НАТО“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.