Европа
Борис Џонсон напиша писмо до украинските деца: „Не сте сами“
Британскиот премиер Борис Џонсон напиша писмо до украинските деца нагласувајќи дека тие се пример за другите деца и дека Велика Британија никогаш нема да ги заборави.
Тој напиша дека да не била таквата ситуација, тие сега би излегувале со пријателите по училиште, би играле фудбал и би уживале во безгрижниот живот.
„Но, ова е посебна година за вас“, рече Џонсон, пренесуваат британските медиуми.
Во писмото се споменува неговото патување во Киев, каде што во април се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пофалувајќи ги одлучното лидерство и големото херојство на украинскиот претседател.
Тој им порача на децата од Украина дека треба да бидат неизмерно горди на својата земја, нивните родители, нивните семејства и нивните војници, а најмногу на самите себе.
„Многу од вас виделе или доживеале нешто на што ниедно дете не смее да сведочи. Сепак, секојдневно нѐ учите што значи да се биде силен и достоинствен, да ја држиш главата високо и во најтешките моменти. Не ми текнува подобар пример за децата и возрасните“, напиша британскиот премиер, а пренесува „Скај њуз“.
Според УНИЦЕФ, од Украина досега избегале два милиона деца, од кои повеќе од половина пристигнале во Полска.
„Не сте сами. Можеби сте одвоени од вашите пријатели дома, но имате милиони други во светот. Овде во Обединетото Кралство имаме украински знамиња на нашите домови, канцеларии, цркви, продавници и игралишта и на мојот покрив во Даунинг стрит, каде што прозорците се полни со сончогледи нацртани од британски деца“, напиша Џонсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.