Свет
Бразилскиот претседателски кандидат го преживеа нападот со нож и го зголеми водството пред гласањето
Водечкиот кандидат за претседател и лидер на екстремната десница во Бразил, Жаир Болсонаро (63), кој беше прободен со нож во стомакот на митингот во текот на изборната кампања, беше подложен на операција и се наоѓа во критична состојба, изјавија неговиот син Флавио и портпаролката на болницата.
– Жаир Болсонаро е посилен од кога било и е подготвен да биде избран за претседател на Бразил во првиот круг! Бог ни даде уште еден знак дека доброто ќе го надмине злото! Им благодариме на сите оние што ни дадоа сила во ова многу тешко време! – напиша Флавио Болсонаро на својот твитер-профил кога татко му се разбуди со насмевка по операцијата.
Jair Bolsonaro está mais forte do que nunca e pronto para ser eleito Presidente do Brasil no 1° TURNO!
Deus acaba de nos dar mais um sinal de que o bem vencerá o mal!
Obrigado a todos que nos deram força nesse momento muito difícil!
Brasil acima de tudo, Deus acima de todos! pic.twitter.com/iijlCFBhE1— Flavio Bolsonaro 177 Senador_RJ (@FlavioBolsonaro) September 7, 2018
Претходно, Флавио на социјалната мрежа напиша дека ситуацијата е многу посериозна отколку што се претпоставува дека е една површна рана бидејќи се повредени црниот дроб, белите дробови и цревата.
– Изгуби многу крв, дојде во болница… речиси мртов. Сега се чини дека се стабилизира – напиша синот на Болсон.
Портпаролката на болницата во Хуис де Фора, каде што се случи нападот, потврди за „Ројтерс“ дека Болсонаро имаше операција, но не прецизира во каква состојба е и какви биле повредите.
Infelizmente foi mais grave que esperávamos. A perfuração atingiu parte do fígado, do pulmão e da alça do intestino. Perdeu muito sangue, chegou no hospital com pressão de 10/3, quase morto… Seu estado agora parece estabilizado. Orem, por favor!
— Flavio Bolsonaro 177 Senador_RJ (@FlavioBolsonaro) September 6, 2018
Телевизијата „Глобо“ покажа снимка како поддржувачите го носат на рамена Болсон по прободувањето.
Федералната полиција во соопштението објави дека Болсонаро ги придружувале полицајци за време на нападот и дека напаѓачот бил фатен на дело.
Локалната полиција потврди за „Ројтерс“ дека го уапсиле напаѓачот, но не го открија неговиот идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала, во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад, руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави Укренерго на Телеграм. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камиаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
Регион
Два силни земјотреси го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува Катимерини.
Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што не е причинета материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.