Свет
Бремена полицајка убиена пред семејството, талибанците негираат дека го наредиле убиството
Талибанците убија авганистанска полицајка која била бремена во осмиот месец, изјавија очевидци за Би-би-си.
Жената, која локалните медиуми ја нарекоа Бану Негар, е убиена во семејниот дом, пред очите на семејството во градот Фирозох, главниот град на провинцијата Гор. Убиството доаѓа по зголемениот број извештаи за насилство врз жени во Авганистан.
Талибанците изјавија за Би-би-си дека не се вмешани во убиството на Негар и дека ја истражуваат нејзината смрт.
Портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, изјави дека тие „биле свесни за инцидентот“ и тврди дека не ја убиле полицајката.
Тој додаде дека талибанците веќе ги амнестирале оние што работеле за претходната администрација и дека убиството на бремена полицајка е „некакво лично непријателство или нешто друго“.
Деталите за убиството сè уште не се целосни, но многумина во Фирозох се плашат од одмазда ако проговорат.
Меѓутоа, три извори за Би-би-си велат дека талибанците во саботата ја тепале и убиле Негар пред очите на нејзиниот сопруг и децата.
Роднините дале докази со прикажување грозни сцени од крв што се наоѓале на ѕидот во аголот на собата и нејзиното тело, додека нејзиното лице било изобличено.
Семејството рекло дека Негар работела во локалниот затвор и дека била во осмиот месец од бременоста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.