Европа
Брисел денеска ќе ги презентира ковид-пасошите
Одење во ресторан или кино, патување на море или скијање, набргу може да биде можно за луѓето што примиле вакцина против коронавирусот.
Европската комисија денеска ќе го презентира нацрт-зелениот сертификат, што може да важи во сите земји членки на ЕУ. Според пишувањето во медиумите, граѓаните во своите сертификати ќе имаат забележана вакцинација против коронавирусот, позитивен корона-тест, стар најмалку 20 дена, кој сугерира дека има антитела или нов негативен тест како доказ дека тој во моментот не е заразен.
Како тоа може да изгледа покажува примерот на две мали области во Германија, кои веќе користат такви картички. Апликацијата, на хартија или пластична картичка, ги содржи основните лични податоци на корисникот и QR-код, кој може да се скенира со мобилен телефон, на пример, на влезот во ресторанот. Потоа се отвора список на вакцини или тестови против коронавирусот.
Системот е развиен од келнскиот стартап Ubirch, кој сега, заедно со гигантот ИБМ, треба да го подготви овој пасош за вакцинација за цела Германија за што државата заштеди 2,7 милиона евра.
Европската комисија е на удар на земјите членки, пред сè, поради набавката на вакцините, тие велат дека Брисел преговарал бавно и преговарал премногу, а земјите како САД и Велика Британија биле побрзи. Затоа зелениот сертификат сега треба да му го врати угледот на Брисел, пишува весникот „Ханделсблат“ во Диселдорф.
Сепак, планот беше оценет како амбициозен затоа што одлуките треба да ги донесат Европскиот совет и Европскиот парламент, а тоа може да потрае и не е сигурно дека сите земји на ЕУ ќе пристапат на овој пакт, пишува „Дојче веле“.
Исто така, постои спор за тоа дали вирусот е гаранција за имунитет. Некои членки на ЕУ сметаат дека антителата обично остануваат од три до шест месеци од инфекцијата, а други зборуваат за осум месеци. Исто така, прашање е дали да се прифатат во сертификатот само негативните резултати од тестот за ПЦР или и брзиот тест за антиген.
Сè уште не е јасно дали во тој пасош ќе бидат прифатени само вакцините одобрени од ЕУ. Тоа се вакцините на „Астра зенека“, „Фајзер/Бионтек“ „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“. Европската агенција за лекови размислува и за други вакцини, како што е руската „спутник В“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.