Свет
Британија почна клинички тестирања врз 510 доброволци на вакцина против Ковид-19
Повеќе од 500 храбри доброволци го почнаа процесот на примање на првите дози како дел од напорите на Велика Британија за создавање вакцина за Ковид-19, чии клинички испитувања почнаа денеска, пренесува РТ.
Вакцината е развиена од тимови на Институтот „Џенер“ на Универзитетот во Оксфорд и Групацијата за вакцини во Оксфорд, а работата почнала уште во јануари. Оваа куса временска рамка доведе до тоа некои да покренат прашања за неверојатната брзина со која е развиена потенцијалната вакцина.
Вкупно 510 здрави доброволци на возраст меѓу 18 и 55 години ќе учествуваат на клиничките испитувања, а Британија им се придружува со тоа на САД и на Кина во тестирањето кај луѓе. Една германска компанија за биотехника, исто така, доби одобрение за забрзано тестирање.
Посебна група истражувачи од „Империјал колеџ“ во Лондон тестираат уште еден потенцијален кандидат за вакцина кај животни уште од почетокот на февруари. Клиничките испитувања се очекува да почнат во јуни, а истражувачите велат дека за брзината на процесот им помогнале многу кинеските здравствени службеници кои ги споделувале своите податоци за инфекцијата.
И покрај овие случувања, Главниот медицински директор на Англија, Крис Вити, во средата изјави дека веројатноста за вакцина против коронавирус во следната календарска година е неверојатно мала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дел од вулкан се заканува да се урне и да предизвика цунами: во тек голема евакуација во Индонезија
Жителите што живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, исфрлање карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.
Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.
Indonesia volcano erupts, prompting local evacuations
📹: FRANCE 24 English
💻: Tan Wee Guan
🎶: Envato#borneobulletin #southeastasia #asean #sulawesi #Indonesia #mountruang #volcano #erupts #prompting #local #evacuations #video #viral pic.twitter.com/ytfqTkjqKm— Borneo Bulletin (@borneo_bulletin) April 19, 2024
Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.
Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и на југоисток покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.
„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на Руанг и работиме во координација со релевантните актери со цел да се предвидат активности за да се овозможат безбедност и удобност во воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром.
🕵️♂️#Indonesia is on alert for more eruptions of remote 🌋 volcano. pic.twitter.com/A5hO49fPBX
— talk•time (@zoominfire2) April 19, 2024
Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да падне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.
Во средата Маунт Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и процена на геолошкиот ризик да издаде највисоко ниво на тревога.
На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.
Индонезија, архипелаг од острови, дом на приближно 270 милиони луѓе, има 120 активни вулкани.
Свет
Се истражува случајот со жената што донесе мртовец во банка за да подигне кредит, стинаа резултатите од обдукцијата
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела во банка мртов маж за кој велела дека ѝ е вујко за да подигне кредит.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро му ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата рекоа дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе ѝ го одобрила, но било потребно одобрение и од вујкото. Мажот од видеото не реагирал на барањата на жената. Додека се обидувала да му го даде пенкалото, неговата рака се спуштала, а главата му паѓала назад, пишува Си-ен-ен.
„Вујко, слушаш, мораш да потпишеш. Ако не потпишеш, нема шанси. Не можам да потпишам јас, мораш ти. Ајде не прави проблем, направи го тоа“, се слуша како му вели жената. Еден од вработените во банката во тој момент рекол дека постарата личност, најверојатно, не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција во Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа. Полицијата води истрага и се обидува да утврди каква е точно поврзаноста на осомничената и починатиот маж, а засега не е поведено обвинение.
Адвокатот на семејството го демантира полицискиот извештај:
„Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банката. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“, рече тој.
Обдукцијата откри нови детали
Бразилскиот медиум „Метрополес“ добил извештај од обдукцијата што укажува дека смртта на мажот била предизвикана од бронхоаспирација и срцева слабост. Утврдено е и дека бил неисхранет.
„Таквите податоци ги потврдуваат некроскопските наоди за неисхранетост и бронхоаспирација. Претходните срцеви заболувања исто така придонеле за смртта“, се вели во извештајот.
Судскиот совет ги чека резултатите од дополнителното испитување за да се утврди дали мажот бил отруен.
„Бизнис-инсајдер“ известува дека експертот што ја потпишал прелиминарната форензичка анализа заклучил дека нема доволно докази за да се заклучи дали Пауло починал на пат кон или внатре во банката или, пак, починал пред тоа.
Меѓутоа, обдукцијата покажала дека згрутчувањето на крвта во неговиот врат сугерирало дека тој умрел легнат.
Адвокатот и натаму тврди дека неговата клиентка е невина, а нагласува и дека има сведоци. Истрагата продолжува.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот Исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности што би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и со претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.