Свет
Британија ќе инвестира 700 милиони фунти за нова нуклеарна централа
Велика Британија ќе инвестира 700 милиони фунти во новата нуклеарна централа „Сајзвел Ц“, изјави денеска премиерот Борис Џонсон, кој следната недела ја напушта својата канцеларија во Даунинг стрит.
„Сигурен сум дека ќе го средиме тоа во наредните недели. Ќе го средиме затоа што би било апсолутно лудо да не се направи“, рече Џонсон.
Инвестирањето во нуклеарната енергија се совпадна со напорите на Велика Британија да ги задоволи енергетските потреби што е можно повеќе од домашното производство, со оглед на силниот раст на цените на енергијата, но и за намалување на емисијата на штетни гасови.
Британија допрва треба да ги заинтересира приватните инвеститори во нуклеарната централа Сајзвел Ц. Францускиот ЕДФ соопшти дека централата би можела да чини 20 отсто помалку од нејзината нуклеарна централа Хинкли Поинт Ц, која во моментов се проценува дека чини 25 до 26 милијарди фунти.
Поголемото производство на електрична енергија во нуклеарните централи долгорочно би ја намалило зависноста на Британија од природен гас, која сочинуваше околу 45 отсто од вкупното производство во 2021 година. Владата ќе одвои пари за Сајзвел од резервираните 1,7 милијарди буџетски фунти за да почне голема нуклеарна енергија проект.
Нуклеарната централа Сајзвел Ц би требало да почне со работа само за неколку години.
Нуклеарната централа „Хинкли Поинт Ц“ постојано ги пробиваше роковите, но и финансиската конструкција, со дополнителни трошоци кои беа измерени во милијарди фунти. Во моментов се очекува Хинкли да почне со работа во 2027 година, десет години подоцна од првично ветеното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.