Свет
Британската кралица свика итен семеен состанок
Британската кралица Елизабета за денеска закажа семејна средба на која ќе се разговара за одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган да се повлечат од високите кралски должности, да почнат со самофинансирање и да живеат еден период во Канада, а еден во Велика Британија.
Официјални лица од кралското семејство соопштиле дека принцот Хари, неговиот постар брат, принцот Вилијам, и нивниот татко, принцот Чарлс, се повикани на состанок во палатата Сандрингам.
Се очекува принцот Вилијам на состанокот да дојде од Лондон, принцот Хари од неговиот дом во Виндзор и Чарлс од Оман, каде беше да изрази сочувство за смртта на султанот Кабус бин Саид. Меган, која е во Канада со нејзиниот син Арчи, најверојатно ќе се приклучи на состанокот телефонски.
Бакингемската палата соопшти дека ќе се разговара за „многу можности“ и дека кралицата е одлучена да ја реши ситуацијата во рок од неколку дена. Исто така се наведува дека целта на денешниот собир е да се договорат следните чекори на кралските власти и службеници од Велика Британија и Канада, но дека за секоја одлука ќе треба време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.