Свет
Британската премиерка тврди дека осомничените во случајот Скрипал се руските разузнавачи
Британската премиерка Тереза Меј тврди дека двајцата осомничени за труењето во Солсбери се офицери на руската воена разузнавачка служба ГРУ, наведувајќидоверливи разузнавачки податоци,пренесува „Раша тудеј“. Говорејќи пред Парламентот во средата, Меј го повтори претходното обвинение дека руската влада била вклучена во случајот со труење на таткото и ќерката Скрипал.
„Имавме право кога кажавме во март дека руската држава е одговорна”, рече таа.
Додека британската полиција претходно изјави дека нема докази што ја поврзуваат руската влада со осомничените, Мај инсистираше на тоа дека британските разузнавачки служби обезбедиле докази кои ги идентификуваат осомничените како офицери на руската воена разузнавачка служба, ГРУ. Таа рече дека ќе ги извести партиските лидери зошто нејзината влада дошла до таков заклучок зад затворени врати.
„Врз основа на разузнавачките информации, владата заклучи дека двајцата поединци именувани од полицијата и Кралската обвинителска служба се офицери од руската воена разузнавачка служба”, рече Меј.
Меј изјави дека ако двајцата осомничени некогаш ја напуштат Русија, Велика Британија ќе дејствува за да ги уапси и екстрадира за да бидат судени на британска територија. Таа повтори дека нејзината влада ќе продолжи да врши притисок врз Русија, обелоденувајќи го она што таа го нарекува модел на лошо однесување со посебен акцент на ГРУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.