Свет
Британска студија: Заштитата со „фајзер“ и „астразенека“ почнува да паѓа по пет-шест месеци
Заштитата од коронавирус по примени две дози од вакцините „фајзер“ и „астразенека“ почнува да опаѓа во рок од шест месеци, утврдија британските научници.
По пет до шест месеци, ефективноста на вакцината на „фајзер“ паѓа од 88 на 74 проценти, покажува британската студија ZOE COVID, објави Би-би-си.
Ефективноста на вакцината „астразенека“ се намалува од 77 на 67 проценти по четири до пет месеци.
Истражувањето се базира на податоци добиени од повеќе од 1,2 милиони тестови.
Претходните анализи на податоците сугерираа дека вакцините обезбедуваат заштита најмалку шест месеци.
„Во најлош случај, заштитата може да падне под 50 проценти за постарите луѓе и здравствените работници“, вели водечкиот научник во таа студија Тим Спектор.
„Ова покажува дека треба да се направи нешто. Не можеме само смирено да гледаме како заштитата полека опаѓа, додека бројот на новозаразени е сè уште висок“, рече тој за Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.