Свет
Британскиот премиер ѝ понуди поддршка на Украина на состанокот на Г20, ќе се сретне и со Лавров
Британскиот премиер Риши Сунак ја поддржа Украина на самитот на Г20 велејќи дека режимот на рускиот претседател Владимир Путин ќе се соочи со усогласено глобално противење на неговите постапки.
Активностите на Русија нè загрозуваат сите нас“, рече Сунак на самитот во Бали, Индонезија. „Додека на украинскиот народ му ја даваме потребната поддршка, истовремено ја користиме целата широчина и длабочина на британската експертиза за да се заштитиме себеси и нашите сојузници“, додаде тој.
Британскиот премиер и неговите колеги на средбата оваа недела ќе истакнат дека улогата на Русија во меѓународниот систем нема да биде онаква каква што беше сè додека трае војната во Украина, соопшти владата.
Сунак пристигна на самитот в понеделник и се очекува да се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.