Свет
Британски доброволец од Мариупол: Мора да се предадеме, немаме храна и муниција
Семејството и пријателите на Британец што се бори во Украина изјавија за Би-би-си дека им се јавил и им кажал дека неговата единица им се предава на руските сили.
Ајден Аслин, родум од Британија, е вклучен во борбите во Украина по преселувањето во земјата во 2018 година и се приклучил кон маринскиот корпус на украинската армија. Во последните недели единицата на Ајден била вклучена во одбраната на Мариупол, град во јужна Украина, кој е целосно уништен од руските сили од почетокот на инвазијата на Украина.
Неговата мајка Анг Вуд изјави за Би-би-си дека син ѝ ѝ рекол дека единицата нема друг избор, освен да се предаде.
„Ми се јави и рече дека веќе немаат оружје. Го сакам мојот син, тој е мојот херој. Се бореа како лавови. Звучеше добро“, изјави Анг Вуд за Би-би-си.
Неговиот пријател Бренан Филипс исто така рече дека се чул со него. Ајден му кажал дека неговата единица останала без храна и муниција и дека повеќе немаат друга опција, освен да се предадат.
„Не може да излезе, не може да се бори. Немаа избор. Сигурен сум дека ќе го испукаа последниот куршум ако го имаа“, рекол Филипс.
Русија на почетокот на војната најави дека ќе ги гони сите странски доброволци што ќе се борат на страната на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.